top of page

ЗА НАС

Кат-Инг Градба е формирана во 2009 година со седиште во Скопје.

Основни дејности на фирмата се:

  • Изгрaдба на објекти од високоградба, нискоградба и инфраструктурни објекти

  • Вршење надзор над изградба на инвестициони објекти од прва и втора категорија

  • Проектирање

  • Реконструкција, санација и одржување на постоечки објекти

  • Одржување на улици и патишта во зимски период

  • Давање услуги со градежни машини 

  • И други активности од градежништвото

Фирмата поседува: 

  • Лиценца Б за изведба на објекти

  • Лиценца Б за вршење надзор над изградба на објекти 

  • Лиценца Б за проектирање

Поседува и сертификати за системите  за управување со квалитет, животна средина и заштита и здравје при работа:

  • ISO 9001:2015

  • ISO 14001:2015

  • ISO 45001:2018

сертифицирани од едно од најреномираните сертификациони тела во светот, TUV NORD.

Вработените во фирмата се од разни профили кои, исто така, поседуваат Овластувања А и Овластавуња Б во сопствената струка.

Фирмата е опремена со градежни машини за земјени работи, опрема за зимско одржување на улици и патишта и камиони за транспорт на стока и материјали.

За сериозноста и стручноста на фирмата Кат-Инг Градба зборуваат успешно изведените објекти, меѓу кои: ремедијација на рудникот Лојане во Општина Липково, спортски сали во СОУ „Перо Наков“ и во ОУ „Христијан Карпош“, атлетска патека во ОСТУ „Наце Буѓони“, голем број на улици со асфалт и бехатон, канализациони и водоводни мрежи, тениски игралишта, како и грандиозните објекти Затворен пливачки базен и Отворен градски базен во Куманово, итн.

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Нашата мисија е да излеземе во пресрет на потребите на клиентите преку транспарентна и отворена комуникација, почитување на договорените барања и рокови, како и обезбедување на висококвалитетни услуги и производи.

Нашата визија е да обезбедиме траен успех на нашите клиенти. Да бидеме доверлив партнер за обезбедување на услуги и развивање на проекти кои носат трајни придобивки за нашите клиенти, но и за заедницата во која живееме и работиме.

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ТИМОТ

bottom of page