Кат-Инг Градба е формирана на 1 ноември 2009 год. со седиште во Скопје.

Основна дејност на фирмата е изгрaдба на објекти од високоградба, нискоградба и инфраструктурни објекти; вршење надзор над изградба на инвестициони објекти од прва и втора категорија, проектирање; реконструкција, санација и одржување на постоечки објекти; одржување на улици и патишта во зимски период; давање услуги со градежни машини и други активности од градежништвото.

Фирмата поседува Лиценца Б за изведба на објекти, Лиценца Б за вршење надзор над изградба на објекти и Лиценца Б за проектирање. Исто така поседува и сертификат за квалитетна работа од TUV Австрија според Стандардот ISO 9001:2008. Вработените во фирмата се од разни профили кои исто така поседуваат Овластувања А и Овластавуња Б во сопствената струка. Фирмата е опремена со градежни машини за земјени работи, опрема за зимско одржување на улици и патишта и камиони за транспорт на стока и материјали.

За сериозноста и стручноста, пак, на фирмата Кат-Инг Градба зборуваат изведените објекти, меѓу кои: Ремедијација на Рудникот Лојане во Општина Липково, Тениски игралишта во Општина Аеродром и Општина Карпош, голем број на улици со асфалт и бехатон, спортски сали во СОУ „Перо Наков“ и во дворно место на ОУ „Христијан Карпош“ во Куманово, Атлетска патека во ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово, како и грандиозниот објект на Затворениот градски базен во Куманово и др. Дел од нашите идни проекти е и отворен градски базен во Општина Куманово.

Мото – A construction you can rely on.

Нашата мисија е да излеземе во пресрет на потребите на клиентите преку транспарентна и отворена комуникација, почитување на договорените барања и рокови, како и обезбедување на висококвалитетни услуги и производи.

Нашата визија е да обезбедиме траен успех на нашите клиенти. Да бидеме доверлив партнер за обезбедување на услуги и развивање на проекти кои носат трајни придобивки за нашите клиенти, но и заедницата во која живееме и работиме.

Општина Куманово
Општина Карпош
Општина Аеродром
UNDP Macedonia
ЈП Водовод Куманово
Билд Инг
ДС Галаб