Кат-Инг Градба е формирана во 2009 година со седиште во Скопје.

Основна дејност на фирмата е изгрaдба на објекти од високоградба, нискоградба и инфраструктурни објекти; вршење надзор над изградба на инвестициони објекти од прва и втора категорија, проектирање; реконструкција, санација и одржување на постоечки објекти; одржување на улици и патишта во зимски период; давање услуги со градежни машини и други активности од градежништвото.

Фирмата поседува Лиценца Б за изведба на објекти, Лиценца Б за вршење надзор над изградба на објекти и Лиценца Б за проектирање. Поседува и сертификати за системите  за управување со квалитет, животна средина и заштита и здравје при работа: ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018, сертифицирани од едно од најреномираните сертификациони тела во светот, TUV NORD. Вработените во фирмата се од разни профили кои, исто така, поседуваат Овластувања А и Овластавуња Б во сопствената струка. Фирмата е опремена со градежни машини за земјени работи, опрема за зимско одржување на улици и патишта и камиони за транспорт на стока и материјали.

За сериозноста и стручноста на фирмата Кат-Инг Градба зборуваат успешно изведените објекти, меѓу кои: ремедијација на рудникот Лојане во Општина Липково, спортски сали во СОУ „Перо Наков“ и во ОУ „Христијан Карпош“, атлетска патека во ОСТУ „Наце Буѓони“, голем број на улици со асфалт и бехатон, канализациони и водоводни мрежи, тениски игралишта, како и грандиозните објекти Затворен пливачки базен и Отворен градски базен во Куманово, итн.

Мото – A construction you can rely on.

Нашата мисија е да излеземе во пресрет на потребите на клиентите преку транспарентна и отворена комуникација, почитување на договорените барања и рокови, како и обезбедување на висококвалитетни услуги и производи.

Нашата визија е да обезбедиме траен успех на нашите клиенти. Да бидеме доверлив партнер за обезбедување на услуги и развивање на проекти кои носат трајни придобивки за нашите клиенти, но и за заедницата во која живееме и работиме.

Општина Куманово
Општина Карпош
Општина Аеродром
UNDP Macedonia
ЈП Водовод Куманово
Билд Инг
ДС Галаб